ПСЖ му нуди на Салах тригодишен договор со плата од 500 илјади евра неделно
- Францускиот шампион Пари Сен Жермен на египетскиот напаѓач на англискиот Ливерпул, Мохамед Салах му нуди тригодишен договор со плата од 500 илјади евра неделно, објави новинарот Ромен Коле Годин на својот профил на социјалната мрежа „Х“.
Париз, 2 јануари 2025 (МИА) - Францускиот шампион Пари Сен Жермен на египетскиот напаѓач на англискиот Ливерпул, Мохамед Салах му нуди тригодишен договор со плата од 500 илјади евра неделно, објави новинарот Ромен Коле Годин на својот профил на социјалната мрежа „Х“.
Актуелниот договор на напаѓачот со „црвените“ истекува во летото 2025 година. Англискиот тим е подготвен да понуди нов договор за период од две години со плата од 500 илјади евра неделно.
Салах (32) игра за Ливерпул од сезоната 2017/2018. Со тимот, Египќанецот стана шампион на Англија, победник на ФА Купот и Суперкупот, ја зеде и Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и титулата на Светското клупско првенство.
Оваа сезона на 18 натпревари во Премиер лигата постигна 17 голови и асистираше за уште 13. дс
Фото: Архива