• понеделник, 24 јуни 2024

ПСЖ го сака грузискиот репрезентативец: Наполи доби понуда од 100 милиони за Хвича Кварацхелија

ПСЖ го сака грузискиот репрезентативец: Наполи доби понуда од 100 милиони за Хвича Кварацхелија

Неапол, 28 мај 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен веќе се подготвува за живот по заминувањето на Килијан Мбапе, а актуелниот француски шампион во Хвича Кварацхелија гледа идеална замена за сега веќе поранешниот играч.

Според италијанскиот новинар, Џанлука ди Марцио, Наполи добил понуда од 100 милиони евра за грузискиот репрезентативец.

Познато е дека Наполи во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Најгласно се споменува името на Антонио Конте. Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Интер ќе пристигне на стадионот „Диего Армандо Марадода“ откако во март минатата година доби отказ од Тотенхем.

Клубот од градот под Везув наводно му дал некои гаранции на искусниот тренер, а една од нив е целосна поддршка во преодниот рок. Сепак, бидејќи Наполи нема да учествува во европските натпреварувања, постојат сите шанси да мора да продаде некоја од скапите ѕвезди во тимот.

Така, не би било изненадувачки доколку претседателот Аурелио Де Лаурентис одлучи да се ослободи од Хвича Кварацхелија во замена за гореспоменатата компензација. Продажбата на Грузиецот би решила одредени проблеми, а медиумите од Апенините пишуваат дека е сосема реална опција Виктор Осимен да го напушти клубот ова лето. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан