• четврток, 19 декември 2024

ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите

ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите

Париз, 20 август 2024 (МИА) – Пари Сен-Жермен може да биде исфрлен од Лигата на шампионите поради неплаќање долгови кон поранешниот играч на тимот Килијан Мбапе.

Според „Ле Монд“, фудбалерот поднел жалба до Француската професионална фудбалска лига (LFP) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради неисплата на долг кон него 55 милиони евра.

Доколку клубот биде прогласен за виновен, LFP би можел да наметне забрана за трансфери на клубот и да му ја одземе лиценцата на УЕФА, што ќе доведе до исклучување од Лигата на шампионите.

Мбапе играше за ПСЖ од 2017 година. Заедно со клубот шест пати стана шампион на Франција, четири пати го освои Националниот куп, три пати Суперкупот и двапати го освои францускиот Лига куп. Летово се пресели во Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан