ПСВ ја освои титулата во холандскиот шампионат
- Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако денеска на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизи.
Ајндховен, 5 мај 2024 (МИА) - Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако денеска на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизи.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Жоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута. Стрелци за Спарта беа Метињо во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку. Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови. До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година. дс
Фото: ПСВ