• понеделник, 23 декември 2024

Протест на Независниот синдикат на полицијата во Струмица

Протест на Независниот синдикат на полицијата во Струмица

Струмица, 11 ноември 2023 (МИА) - Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест по улиците на Струмица заради неодамнешниот напад од поголема група граѓани врз полициски службеник во селото Баница, кој притоа се здоби со тешки телесни повреди и траен инвалидитет.

Како што беше истакнато на протестот, полициските службеници секојдневно се напаѓани, малтретирани и повредувани, а кога се обидуваат да се заштитат против нив се покренуваат обвиненија за малтретирање во вршење на службата.

Овој синдикат побара итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик и пропишување на минимална казна затвор од пет години за напад на полициски службеник.

Ги повикаа ресорниот министер, Владата и сите останати политички партии и чинители да ги поддржат нивните протести по примерот и поддршката на протестите на маргинализираните групи и заедно да се крене свеста за потребата од поголема заштита на полициските службеници, како и за достоинствена плата. рт/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан