• понеделник, 23 декември 2024

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март. Како што најавија, протестите ќе траат сѐ додека не добијат плата, усогласена со колективните договори. Во меѓувреме, се процесуираат и тужбите за задоцнета исплата.

Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 часот. Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто. 

Претседателката на Синдикатот на културните работници Вера Атанасовска вчера на прес-конференција посочи дека сите законски рокови се пробиени и три илјади вработени во културата се уште немаат земено плата.

Таа рече и дека за неколку дена три илјади вработени во културата заедно со нивните семејства ќе останат и без здравствено осигурување. 

-Сите добро знаеме дека секогаш кога се спроведуваат колективни договори и кога се даваат финансиски ветувања истите треба да бидат усогласени со Министерството за финансии. Како министерката за култура на 1 април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март ако претходно тоа исто покачување не го договорила со министерот за финансии за сега кој да биде виновникот за неисплаќањето на платите во културата, додаде Атанасовска.

Според Атанасовска, ова не само што ја загрозува егзистенцијата на оние кои се посветени на уметноста и културата, туку го поткопува и интегритетот на нашите културни институции.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вчера посочи дека платите треба да се исплатат согласно колективниот договор. 

Според него, недозволиво е пред избори да го бараат нивниот глас, а притоа не им бидат исплатени платите.

-Недозволиво е 15 дена пред избори да барате наш глас, а притоа да не нѐ плаќате како што треба – зборуваме за плати, не зборуваме за мито и корупција. Немаат изговор, платата најдоцна до крајот на денот доколку не легне во текот на утрешниот ден започнуваат протестите, рече  Трендафилов. 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК)  бара вработените во градинките и во установите од образование и култура да бидат на листата на приоритетни за вакцинирање и барањ

Поради неисплата на плата за март за околу три илјади вработени во културата и Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера на вонредна седница едногласно донел одлука в понеделник, 22 април, во 11 часот да организира протест пред Министерството за култура.

Исто така, на седницата на Советот на СОНК е одлучено да се отпочне и процедура и организација за генерален штрајк во сите установи од дејноста култура.

-Советот на СОНК изрази огромна разочараност од непостоењето, односно едностраното прекинување на социјалниот дијалог од страна на Министерството за култура. СОНК постои, силата на СОНК ќе ја почувствувате наскоро, напиша претседателот на СОНК, Јаким Неделков на Фејсбук.

 

Кога ја славиме книгата и значењето на авторското право, ставаме акцент на македонската, но и на светската литература, на потребата и значењето да читаме и да пишуваме на својот јазик, да ги

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска пред две недели посочи дека нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Напомена дека единствената промена која што е внесена во диспозитивот, е минималната плата.бт/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан