• петок, 22 ноември 2024

Протести во Хавана поради неколкудневниот недостиг на струја

Протести во Хавана поради неколкудневниот недостиг на струја

Хавана, 21 октомври 2024 (МИА) - Во некои градови во Куба граѓаните се собраа на улиците во знак на протест поради прекините на електричната енергија кои траат од минатиот петок.

Во Санто Суарез, густо населено југозападно предградие на Хавана, луѓето излегоа на улиците вчеравечер удирајќи во тенџериња и тави во знак на протест.

Демонстрантите, кои велат дека немаат ни вода, ја блокираа улицата со ѓубре. Кубанскиот министер за енергија, Висенте де ла О Леви, на прес-конференција рече дека се надева дека електричната мрежа ќе биде обновена во понеделник или вторник наутро.

Тој предупреди дека ураганот Оскар, кој го погоди источниот брег на островот ввчера и ослабна до тропска бура, ќе донесе „дополнителни непријатности“ за закрепнувањето на Куба, бидејќи ќе го погоди регион каде клучните електрани, како што е Фелтон во градот, се наоѓаат Холгуин, а Ренте во Сантијаго де Куба.

Кубанската влада во саботата соопшти дека електричната енергија е вратена на дел од островот, но моќта од 500 мегавати во електричната мрежа на островот, која набрзо се намали на 370 мегавати, е далеку под вообичаените три гигавати што и се потребни.

Надлежните соопштија дека прекинот во снабдувањето со струја е резултат на зголемената побарувачка на малите и средни претпријатија и клима уредите во становите, а подоцна состојбата се влошила поради дефекти во старите термоелектрани кои не биле соодветно одржувани и недостаток на гориво за работа на некои објекти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан