• четврток, 19 декември 2024

Протести во Белорусија, уапсени 125 лица, распоредени водни топови

Протести во Белорусија, уапсени 125 лица, распоредени водни топови
Минск, 30 август 2020 (МИА) - Полицијата во Белорусија денеска приведе 125 учесници на неодобрениот антивладин протест во Минск, изјави за РИА Новости портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова. Агенцијата ТАСС додава дека неколку илјади демонстранти се упатиле кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко во центарот на Минск, поради што полицијата и армијата ги засилија мерките за заштита. Полициски возила ги блокираа влезовите во резиденцијата. Полицијата запре и неколку илјади луѓе на Авенијата за независност во белоруската престолнина, каде се одржува протестот. Како што наведува ТАСС, на безбедносните сили им било наредено да започнат да се движат кон демонстрантите. Исто така, водните топови биле насочени кон демонстрантите, а силни безбедносни сили оделе кон местото на настанот. Масовните протести низ Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори, на кои, според официјалните резултати, победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Опозицијата тврди дека изборите биле наместени и дека Светлана Тихановскаја е победник. паг/    

Остани поврзан