• петок, 22 ноември 2024

Пропадна уште еден договор за формирање влада на Федерацијата Босна и Херцеговина

Пропадна уште еден договор за формирање влада на Федерацијата Босна и Херцеговина

Сараево, 12 април 2023 (МИА) -  Во Федерацијата Босна и Херцеговина пропадна уште еден обид за формирање влада, откако претседателката на тој ентитет Лидија Брадара и потпретседателите Рефик Лендо и Игор Стојановиќ денеска не постигнаа договор.

Лендо (Партија за демократска акција - СДА) не потпиша за формирање влада, а по средбата рече дека неговата партија ќе понуди решение во следните седум до десет дена и дека потоа тој лично ќе иницира нова средба.

- Осуммината ќе добијат прифатлива понуда од СДА. Ќе понудиме нешто што е во интерес на граѓаните, што би било добро и прифатливо за Осумката (ХДЗ БиХ и блокот партии од Федерацијата Босна и Херцеговина). Не зборувам за пример и за кој било дел кога станува збор за учеството на СДА“, рече Лендо, нагласувајќи дека подобро и поприфатливо е домашните политичари да се договорат отколку високиот меѓународен претставник да донесе каква било одлука. .

Од друга страна, Стојановиќ вели дека тоа што го прави Лендо е купување време и дека претходно најавил нови средби кои никогаш не се случиле.

- Немаме механизми да ја надминеме оваа ситуација. Статус кво е сè уште и немаме нови информации за назначување влада, рече Стојановиќ и нагласи дека Лендо и СДА се фаќаат за сламки за да останат на власт на ниво на БиХ, објави бањалучкиот весник „Независне“.

Исто така, Стојановиќ рече дека Лендо зборува за решенија кои досега никој не ги видел.

Рокот за формирање на ФБиХ истече на 6 април, а потоа високиот претставник ги повика лидерите на партиите што поскоро да се договорат, во спротивно ќе биде принуден да ги искористи овластувањата од Бон и да наметне формирање Влада. ссм/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан