• петок, 22 ноември 2024

Пропаднаа преговорите за платата со специјализантите во Британија, околу Божик следува најдолгиот штрајк во НХС

Пропаднаа преговорите за платата со специјализантите во Британија, околу Божик следува најдолгиот штрајк во НХС

Лондон, 5 декември 2023 (МИА) - Болничките лекари-специјализанти во Англија планираат да штрајкуваат во декември и јануари, што ќе биде најдолгиот штрајк на Националната здравствена служба (НХС), откако денеска повторно пропаднаа преговорите за зголемување на платата. 

Специјализантите веќе одржаа неколку штрајкови оваа година поради застојот во однос на барањата за плати.

Лекарите ќе штрајкуваат од 20 декември до 23 декември и повторно од 3 јануари до 9 јануари, се наведува во соопштението на нивниот синдикат, Британската медицинска асоцијација (БМА). 

Членовите гласаа за штрајк откако преговарачите за здравствениот оддел на владата на Велика Британија не успеаја да поднесат „веродостојна понуда за ставање крај на спорот со платите“ по петнеделни дискусии, додаде БMA. 

Синдикатот рече дека на помладите лекари им било понудено зголемување од 3,0 отсто во просек оваа година, покрај зголемувањето од 8,8 отсто што веќе им било дадено претходно оваа година. 

Џулијан Хартли, главен извршен директор на NHS Providers, кој ги претставува болничките групи во Англија, рече дека шестдневниот прекин во јануари „ќе биде најдолгиот штрајк во историјата на НХС за време на најпрометниот и најтешкиот период од годината“. 

Портпаролот на конзервативниот премиер Риши Сунак ја опиша планираната акција како „јасно“ разочарувачка. Тој рече дека понудата на владата била „фер и разумна“. 

„И датумите пред Божиќ и, навистина, датумите на почетокот на јануари се едни од најпредизвикувачките времиња во рамките на НХС, за што очигледно помладите лекари ќе бидат свесни“,изјави портапрлот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан