• вторник, 05 ноември 2024

Пронајден мртов младиот кит што во петокот се појави во близина на атинска плажа и се водеше битка за да се спаси

Пронајден мртов младиот кит што во петокот се појави во близина на атинска плажа и се водеше битка за да се спаси
Атина, 2 февруари 2022 (МИА) – Младиот повреден кит што во петокот доплива речиси до копното на една од атинските плажи, а два дена, на две различни локации нуркачи, спасувачи и ветеринари се обидува да му помогнат и да го спасат животот, утрово бил пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина. Во петокот наутро, млад кит од видот Зифиус (Ziphius cavirostris), што живее на длабочина од 1.000 до 3.000 метри, со сериозни повреди на муцката и површни рани на кожата, а веројатно и со други патолошки проблеми беше забележан во плитко, близина на една од плажите во Атина, по што започна и акција за пружање помош, што траеше до доцна во ноќта кога беше однесен во длабокото. Следниот ден, одново беше забележан во длабочина што не надминува 50-60 метри, но на друга локација, кај островот Саламина во близина на Атина, каде што одново спасувачите и ветеринарите со посебна терапија се обидуваа да му помогнат. Оптимистички беа пораките од спасувачите кога младиот кит сам отпливал во длабокото и позитивно реагирал на терапијата, но сепак не успеал да стигне далеку и утрово бил пронајден мртов. Заменик-министерот за животна средина на Грција Јоргос Амирас, рече дека и покрај натчовечките напори од петокот, на нуркачите на крајбрежната стража и воената морнарица, како и на специјализираните ветеринари, болничари и волонтери, сепак не успеа да преживее младиот, повреден и слаба кит. -Уште од првите клинички и крвни прегледи извршени на китот знаевме дека резултатите не се охрабрувачки, но направивме сé што беше човечки возможно за да го спасиме, додаде Амирас. Случајот со младиот кит и континуираните обиди за негово спасување беше меѓу главните теми во Грција во изминатите денови.ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан