Пронајдени 45 мигранти во дом на кумановец
- Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:30 часот во Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово.
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:30 часот во Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово.
Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија. Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. вј/бак/