Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени
- Полициски службеници привеле седум лица откако кај нив при контроли во угостителски објекти во Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Полициски службеници привеле седум лица откако кај нив при контроли во угостителски објекти во Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, во периодот од 23:00 часот на 08.04.2022 до 03:30 часот на 09.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин.
- Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашкаста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашкаста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана, посочуваат од МВР.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. фф/сп/