• среда, 17 јули 2024

Промоција на публикација за дигитална трансформација кон е-општини

Промоција на публикација за дигитална трансформација кон е-општини
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ денеска во Скопје ќе се одржи промоција на публикацијата „Дигитална трансформација кон е-општини - Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“. Како што соопштија организаторите, целта на настанот е поттикнување на поширока јавна дебата и споделување на успешни примери на дигитална трансформација на општинско ниво, но и конкретни пракси пошироко во светот. Тој е прв од серијата јавни настани преку кои организаторите ќе се обидат да охрабрат спроведување на онлајн платформи, апликации и други алатки во работата на ЕЛС со цел воведување на брзи, неселективни и широко распространети дигитални можности за граѓаните и правните лица. Промоцијата е во соработка со Министерството за локална самоуправа. бт/сп/

Остани поврзан