• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на монографија и изложба на Тања Балаќ по повод 30 години творештво во Чифте амам

Промоција на монографија и изложба на Тања Балаќ по повод 30 години творештво во Чифте амам
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена вечер во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac - 30 Years - ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска. Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година, магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006-2013 година и негова претседателка. Покрај сликарството, Балаќ во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео уметност. Остварила повеќе самостојни изложби: „Просторни дистанци“ во 2020 г. во Галеријата на македонската амбасада во Виена, „Невидлива изложеност“ во галерија „Прогрес“ во Белград во 2019 г., „1800К“ со Омер Калеши во Галерија на македонската амбасада во Париз во 2017 г., „Црвена земја“, „Раѓање на нација“ – проекции на експерименталните филмви и изложба на фотографии во ОКК Галерија - Берлин, Германија, истата година, во 2013 г. „Просторни дистанци“ во галеријата „Љубљански град“, како и многу други самостојни претставувања во Истанбул, Софија, Малме, Марибор, Москва, Париз... Учествувала на бројни групни изложби, во Македонија и во странство: Франција, САД, Полска, Бугарија, Србија, Русија, Шведска... Исто така, нејзините експериментални филмови побудуваат голем интерес кај меѓународната јавност. Дел од нив се здобија со меѓународни награди како што е четвртата награда за експериментален филм на Биеналето во Фиренца за филмот „Меморабилија“ во 2019г, во истата година и 1ва награда на Филмскиот фестивал во Вест Вирџинија, САД; во 2020 награда на Anarchy Film Festival во Манчестер, Велика Британија за филмот „Заглавени Заедно“, итн. дма/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан