• сабота, 21 декември 2024

Промоција на книгата „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Промоција на книгата „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски

Скопје, 9  октомври 2024 (МИА) - Во организација на Културно информативниот центар – Скопје, со поддршка на Град Скопје денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски во издание на „ПНВ Публикации“.

Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави промоторот Јулијана Величковска.

Славе Ѓорѓо Димоски (1959, Велестово, Охрид) завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и претседател на Поетска ноќ во Велестово, бил претседател на Управниот одбор на Национална установа Струшки вечери на поезијата. Член е на ДПМ, на македонскиот ПЕН центар и на академијата „Анте Поповски“.

Автор е на деветнаесет стихозбирки, на шест книги за деца, на книги есеи и активно препејува. Негови поединечни песни и поетски циклуси преведени се на над триесетина јазици, а 19 одделни книги му се преведени на англиски, руски, српски, турски, шведски, хрватски, полски, азерски, бугарски и др. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Антево перо“, „Григор Прличев“ за најдобра поема, „Гранпри Исток-запад“ (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др,. Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во земјава и низ светот по 1982 година.

Изданието на стихозбирката „Грозје од кукавица“ е поддржано од Министерството за култура и беше во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата.фф/вг/

Фото: ЈУ Културно информативен центар - Скопје

Остани поврзан