• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на збирката раскази „Приказни од кујната“ од Марина Шикова Димовска

Промоција на збирката раскази „Приказни од кујната“ од Марина Шикова Димовска
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) - Во кафе и бар „Шила“ во Охрид синоќа беше промовирана првата збирка раскази на Mарина Шикова Димовска ‒ „Приказни од кујната“, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ја претстави Јулијана Величковска, која за збирката рече дека е куса исповедна проза, необични дневнички записи што следуваат еден по друг по сеќавање, не по хронологија. - Небаре разгледувате албум со стари фотографии. Топли и мирисливи, но некогаш и прегорени и горчливи приказни од кујната на животот. Приказни за растењето и созревањето. Приказни што ја осветлуваат улицата на нашето детство и во сончеви и во тмурни денови. Приказни за недостигот и за љубовта, рече Величковска. Марина Шикова Димовска дипломирала на Катедрата по македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Нејзини раскази се објавувани во неколку книжевни списанија, а со три раскази е застапена и во збирката „Интимно со пандемијата“, збирка раскази од 17 автори (Креативна верига, 2021). см/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан