• петок, 22 ноември 2024

Променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Од среда следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда и четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.

Остани поврзан