• понеделник, 23 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, до петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан