• сабота, 23 ноември 2024

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопштија од УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени. До недела, под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.бт/лв/

Остани поврзан