• петок, 05 декември 2025

Продолжува партерното уредување во кумановската населба „Карпош“

Продолжува партерното уредување во кумановската населба „Карпош“

Куманово, 4 ноември 2025 (МИА) - Продолжува партерното уредување со бекатон плочки во кумановската населба „Карпош“, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Во оваа приградска населба ќе продолжи со реализација на партерно уредување на улици.

- Денеска сме овде во населба Карпош, на улица 46. Во моментов правиме партерно уредување со бекатон плочки на одредени улици. Одиме по ред и оваа акција на Општина Куманово ќе продолжи и во иднина. Куманово заслужува континуитет и континуиран раст и развој. Наша обврска е да ги решаваме проблемите на граѓаните, коишто ги има многу, ги имало и ќе ги има. Моја обврска е да ги има што помалку, информираше Димитриевски.

Тој вчера најави реализација на триесет инфраструктурни проекти од населбата „Зелен Рид“ во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан