• понеделник, 23 декември 2024

„Продолжуваме со промената“ нема да им биде партнер на бугарските социјалисти откако гласаа за враќање на хартиеното ливче

„Продолжуваме со промената“ нема да им биде партнер на бугарските социјалисти откако гласаа за враќање на хартиеното ливче
Софија, 12 ноември 2022 (МИА) - Поранешната министерка од владата на партијата на Кирил Петков „Продолжуваме со промените“, Калина Константинова за БНТ вели дека не гледа опција за продолжување на партнерството со Бугарската социјалистичка партија поради нивното гласање за враќање на хартиеното гласачко ливче. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Константинова, доколку БСП го смени ставот пред второто гласање за предлог-законот за промена на Изборниот законик на Бугарија, вратата за преговори повторно ќе се отвори за генерално управување. Според неа, многу е важно двете партии да имаат единствена кандидатура за Софија. Таа вели дека политичката битка за Софија ќе биде тешка. Калина Константинова не коментираше дали двете партии ќе го поддржат лидерот на младинската партија „Спас за Софија“ Борис Бонев, велејќи дека претстојат разговори во потрага по кандидатот што ќе ги обедини сите партии кои бараат промени и сакаат да се борат за поубава Софија. Бонев упати барање, откако пред неколку дена ја пререгистрираше својата платформа во партија, да се кандидира за градоначалник на Софија на изборите во 2023 година. Тој е еден од најголемите критичари на градоначалничката од ГЕРБ, Јорданка Фандакова и нејзината партија, за која вели дека е поврзана со корупција. Во петокот, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека долгогодишната градоначалничка на Софија Фандакова нема да биде кандидат за нов мандат, како и нивните досегашни градоначалници на Пловдив и Бургас. нк/паг/

Остани поврзан