• понеделник, 23 декември 2024

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022

Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 202година.

Како што соопшти Управата за јавни приходи, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава е согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со Ковид-19 и со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци. мд/са/

Остани поврзан