• петок, 05 декември 2025

Продажбата на „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април

Продажбата на „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април

Мадрид, 5 мај 2025 (МИА) - Продажбата на нови автомобили од марката „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април, споредено со истиот месец минатата година, и изнесувала 571 возило, соопшти Шпанската асоцијација на производители на автомобили и камиони (АНФАК).

Локалните медиуми посочуваат дека ваков пад е забележан низ цела Европа во првите четири месеци од годината – намалување од 37,2 отсто.

Причините за падот, според аналитичарите, е сè поголемото навлегување на кинеските електрични автомобили на пазарот, како и незадоволството на европските потрошувачи од политичките ставови на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск. ссм/

фото: архива

Остани поврзан