• вторник, 05 ноември 2024

Прогласување на лауреатот на наградата „Роман на годината“

Прогласување на лауреатот на наградата „Роман на годината“
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. На годинашниот конкурс пристигнале вкупно 39 романи. Во најтесниот избор влегоа романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). Лауреатот го избера жири-комисијата во состав на претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фондацијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан