• петок, 12 јули 2024

При претрес во Ресенско пронајдена дрога, приведен дваесетгодишник

При претрес во Ресенско пронајдена дрога, приведен дваесетгодишник

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола,  вчера извршиле претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во село Сливница,  каде привремено престојувал С.В. (20) од с. Долни Манастирец.

-При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана. По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

МВР наведува дека С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава. хс/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан