• понеделник, 23 декември 2024

При напад на милициите во Западен Дарфур убиени 48 луѓе

При напад на милициите во Западен Дарфур убиени 48 луѓе
Kартум, 17 јануари 2021 (МИА) - Најмалку 48 луѓе загинаа, а 97 се повредени при напад на милицијата во градот Ел Генеина, Западен Дарфур, јави суданската државна новинска агенција СУНА. Нападот се случи неколку недели откако мировните сили на Обединети нации почнаа да се повлекуваат од регионот. Насилството почна откако член од племето Масалит со нож избодел припадник на арапско племе. - Вооружените милиции го искористи инцидентот и го нападна Ел Генеине од сите страни, се наведува во соопштението на организацијата за заштита на човековите права Дарфурска адвокатска комора. Комората ги обвини милициите за грабежи и кршење на човековите права. Гувренеропт на Западен Дарфур вчера прогласи вонредна состојба, воведе полициски час и одобри употреба на сила за стабилизирање на ситуацијата. Судирите во Западен Дарфур се голем предизвик за преодната суданска Влада која се обидува да стави крај на повеќедецениските бунтови во некои области, меѓу кои и Дарфур, каде мнозинството луѓе живеат во кампови за раселени лица и за бегалци. Пред повеќе од една година во Западен Дарфур во судири помеѓи Арапите и неарапското населени загинаа 54 луѓе, а раселени се околу 40.000 лица, од кои илјадници во соседен САД. Во Судан во бунтот од април 2019 година соборен е долгогодишниот претседател Омар ал Башир, а со земјата управува воено-цивилна влада, додека избори нема да се одржат пред есента во 2022 година. Советот за безбедност на ОН стави крај на мандатот на заедничката мировна мисија со Африканската Унија во Дарфур. Одлуката е донесена по притисокот на суданската преодна влада, Русија и дел од африканските држави. ми/

Остани поврзан