• петок, 22 ноември 2024

Притвор за четворица осомничени за 32 тешки кражби во куќи и цркви во Прилепско

Притвор за четворица осомничени за 32 тешки кражби во куќи и цркви во Прилепско
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп, по предлог на јавен обвинител, определи мерка притвор за четворица осомничени кои во периодот од декември 2021 година до 8 март 2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во прилепско. Како што информираат од Основното Јавно обвинителство, осомничените лица се на возраст од 19-40 години. - Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се осомничени дека во периодот од декември 2021 година до 08.03.2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, како и во куќи и колонијални продавници во Прилеп, од каде одзеле повеќе предмети со намера противправно да ги присвојат, стои во соопштението од ЈО. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифатил предлогот и со решение на осомничените им определил мерка притвор во траење до осум дена.​​ ар/дма/

Остани поврзан