Припадник на Хамас и неговите две деца загинаа во израелски напад врз либанскиот град Саида
- Припадник на палестинското исламистичко движење „Хамас“ и неговите две деца - син и ќерка загинаа рано утринава во израелски напад врз либанскиот град Саида, соопшти палестински извор.

Бејрут, 4 април 2025 (МИА) - Припадник на палестинското исламистичко движење „Хамас“ и неговите две деца - син и ќерка загинаа рано утринава во израелски напад врз либанскиот град Саида, соопшти палестински извор.
Цел на нападот бил станот во кој престојувал мажот и неговите две возрасни деца, рекол изворот кој сакал да остане анонимен.
Нападот предизвика паника во Саида, која е далеку од границата со Израел.
На 1 април, израелските сили ги нападнаа јужните предградија на Бејрут, упориште на либанското шиитско движење Хезболах. Во овој удар загина водечкиот кадар на проиранското движење.
Израелската армија претходно денеска соопшти дека во текот на ноќта убила командант на Хамас во јужниот либански град Саида.
Во соопштението на израелските сили беше прецизирано дека името на убиениот претставник на палестинското движење е Хасан Фархат. мс/
фото: МИА архива