• понеделник, 23 декември 2024

Принцот Вилијам и Кејт изразија поддршка за Украина

Принцот Вилијам и Кејт изразија поддршка за Украина
Лос Анџелес, 26 февруари 2022 (МИА) - Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт на Твитер објавија дека стојат покрај украинскиот народ „кој храбро се бори за својата иднина“.
„Во октомври 2020 година, имавме чест да се сретнеме со претседателот и првата дама на Украина кои ги споделија со нас нивните надежи и оптимизам за иднината на нивната земја. А, денес стоиме покрај претседателот на Украина и неговиот народ додека храбро се борат за таа иднина“, напишаа Вилијам и Кејт на Твитер.
Членовите на британското кралско семејство ретко коментираат политички настани во јавноста и генерално не ги искажуваат своите ставови за важни политички прашања, во согласност со правилата кои бараат од нив да имаат неутралност. паг/
 

Остани поврзан