• среда, 01 мај 2024

Принцовите Вилијам и Хари со сопругите во прошетка во замокот Виндзор

Принцовите Вилијам и Хари со сопругите во прошетка во замокот Виндзор
Виндзор, 10 септември 2022 (МИА) – Принцот и принцезата од Велс заедно со војводата и војвотката од Сасекс прошетаа надвор од замокот Виндзор што е прво појавување на Вилијам и Кејт со новите титули. Хари и Меган им се придружија на Вилијам и Кејт во јавност за првпат од Денот на Комонвелтот на 9 март 2020 година, додека ги разгледуваа цвеќињата и балоните што посетителите ги оставаат во спомен на кралицата Елизабета Втора, а потоа се поздравуваа со насобраните луѓе пред замокот. Како што јави Би-Би-Си, тие потоа си заминале од Виндзор. јт/ Фото: ДПА

Остани поврзан