• петок, 28 јуни 2024

Прием за европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев во кабинетот на градоначалникот на Неготино 

Прием за европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев во кабинетот на градоначалникот на Неготино 

Неготино, 26 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов попладнево го прими во својот кабинет европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев. 

- На приемот, од страна на мојот соговорник бев информиран за неговите извонредни постигнувања на домашни и меѓународни натпреварувања во бодибилдинг, што придонесе да го заземе првото место на светската ранг листа на официјалната федерација ИФББ. Јанев ме запозна дека на Дијамантскиот куп во Чачак во боди билдинг и фитнес од интернационален карактер, со учество на над 200 натпреварувачи, го освоил првото место во класик фитнес и прво место до 90 килиграми, а станал и апсолутен победник на Дијамантскиот куп и добитник на про-карта, т.е. квалификување за натпреварување на професионално ниво. На Интернационалниот куп на Србија е освојувач на првото место во катергорија до 90 килограми и е апсолутен победник, на државното првенство на Македонија Јанев го освојува првото место во класик фитнес и станува државен првак, додека на Балканскиот шампионат со учество на над 150 натпреварувачи Херкулес гран при, го освојува првото место, станува апсолутен победник и добива про-карта, појасни Стојанов. 

 Градоначалникот додаде и дека особено значаен е успехот на Јанев на Европското првенство во класик фитнес, каде што во конкуренција на над 3.000 натпреварувачи до 180 сантиметри, го освојува првото место и станува европски првак, додека на истото Европско првенство во бодибилдинг класик до 180 сантиметри, го освојува второто место. 

- Од мое лично име како градоначалник и од име на општината Неготино, на Ивица Јанев му честитав на извонредните постигнувања на домашен и меѓународен план, со што, покрај за негова лична, придонесува и за афирмација на општината Неготино, а воедно ја искажав мојата и подготвеноста на општината Неготино, за негова поддршка за идните натпреварувања, нагласи градоначалникот. свд/

 

Фото : градоначалник Горан Стојанов 

Остани поврзан