• петок, 20 декември 2024

Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини

Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини

Вашингтон, 19 декември 2024 (МИА) - Американската Федерална управа за авијација (FAA) воведе привремена забрана за користење на дронови во неколку области во Њу Џерси поради безбедносни причини.

Забраната ќе трае до 17 јануари 2025 година и се однесува на сите дронови без специјална дозвола од владата.

Во изминативе недели, илјадници луѓе забележале дронови на ноќното небо во Њу Џерси, што предизвика страв и шпекулации меѓу жителите.

ФАА предупреди дека кршењето на забраната може да доведе до административни и кривични мерки, вклучувајќи одземање лиценца и апсење. ссм/

фото: архива

Остани поврзан