• сабота, 23 ноември 2024

Приведен 60-годишник од скопско Крушопек за предизвикување пожар

Приведен 60-годишник од скопско Крушопек за предизвикување пожар

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Во 11.25 часот во скопско Крушопек, полициски службеници го лишиле од слобода 60-годишниот М.Х. од селото, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од страна на скопската Бригада за противпожарна заштита. Нема повредени лица.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан