• понеделник, 08 јули 2024

Приведен 39-годишник од кавадаречко, осомничен за физички напад врз малолетник

Приведен 39-годишник од кавадаречко, осомничен за физички напад врз малолетник

Кавадарци, 30 јануари 2024 (МИА) - Приведен е 39-годишник од кавадаречко поради сомнение за физички напад врз малолетник, информираат попладнево од СВР Велес.

- Во 14.30 часот вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 39 години од кавадаречко. Како што е пријавено од вработен во основно училиште, каде учела неговата малолетната ќерка, таа пријавила во училиштето дека во семејниот дом, тој се однесувал агресивно и физички го нападнал нејзиниот малолетен брат, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кавадарци, со децата и со мајката на пријавениот бил извршен службен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан