• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен штипски болничар, допирал малолетна практикантка

Приведен штипски болничар, допирал малолетна практикантка

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип вчера во 17.05 часот го лишиле од слобода болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница - Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.

Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан