• недела, 22 декември 2024

Приведен скопјанец, не почитувал мерка куќен притвор

Приведен скопјанец, не почитувал  мерка куќен притвор

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Полицајци од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје 
денеска во 9.20 часот на ул. „Цветан Димов" во Скопје го привеле 28-годишниот А.А. од Скопје затоа што не носел документ за идентификација.

-По извршени проверки, утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која не ја почитувал. Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвен и соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан