• понеделник, 01 јули 2024

Приведен прилепчанец за издржување казна затвор од шест години и пет месеци

Приведен прилепчанец за издржување казна затвор од шест години и пет месеци
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Во Прилеп денеска во 12.30 часот полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(35) од Прилеп. Како што информираа од МВР, тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор од шест години и пет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. цр/ац/

Остани поврзан