Приведен криумчар од Скопје, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак
- Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионален центар за гранични работи „Југ“, на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино вчера го лишиле од слобода Х.А.(51) од Скопје. Тој со товарно возило „мерцедес“ , кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот.
Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионален центар за гранични работи „Југ“, на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино вчера го лишиле од слобода Х.А.(51) од Скопје. Тој со товарно возило „мерцедес“ , кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот.
Како што информира денеска МВР, поради сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина на местото биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. љм/ац/
Фото: МИА архива