Приведен крадец во Велес
- Полициски службеници од Полициската станица Велес во понеделникот во 01:05 часот, го лишиле од слобода Е.Ќ.(40) од Велес, кој се сомничи дека во периодот од 20 јануари годинава до 7 март со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети.
Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Велес во понеделникот во 01:05 часот, го лишиле од слобода Е.Ќ.(40) од Велес, кој се сомничи дека во периодот од 20 јануари годинава до 7 март со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/бак/
Фото: МИА архива