Приведен крадец во Богданци, следува соодветна пријава
- Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци.
Скопје, 16 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.
Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/фф/
Фото: МИА архива