• понеделник, 23 декември 2024

Приведен жител на општина Конче кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Приведен жител на општина Конче кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Четириесет и деветгодишен жител на општина Конче е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 49-годишниот Ј.К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година. 

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан