• вторник, 07 мај 2024

Приведен бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години казна затвор 

Приведен бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години казна затвор 

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, го лишиле од слободa Е.Л. (32) од Скопје, кој бил осуден на казна затвор од 15 години за  сторени кривични дело по член  236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, информираат од МВР.

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја. 

Лицето, како што информираат од МВР, било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан