• понеделник, 23 декември 2024

Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната     

Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната     
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип, вчера во 17:00 часот го привеле триесетгодишниот штипјанец Ш.Н., кој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. -Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираа од МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/аа/

Остани поврзан