• вторник, 19 ноември 2024

Приведен албански државјанин, пронајдени монети со археолошка вредност

Приведен албански државјанин, пронајдени монети со археолошка вредност

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - На граничниот премин Табановце, синоќа на излез од државата, полициски службеници го привеле В.А.(32) од Република Албанија, соопшти МВР.

При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.

Со него бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан