• понеделник, 06 мај 2024

Приведено лице од село Рајчица за агресивно однесување во казино во Дебар

Приведено лице од село Рајчица за агресивно однесување во казино во Дебар

Дебар, 29 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар привеле жител на село Рајчица за агресивно однесување и напд врз вработени во казино во Дебар.

- Денеска наутро полициски службеници го привеле С.Ф.(28) од с.Рајчица затоа што околу 3.00 часот во казино на главната улица ул.„8 Септември во Дебар агресивно се однесувал кон вработените и физички нападнал едно лице од обезбедувањето, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена  соодветна пријава.

Како што велат очевидци С.Ф. кој бил во алкохолизирана состојба почнал со напади и навреди кон вработените во казиното. Агресивноста ја покажувал и со кршење на предмети. Истото го сторил и со лице од обезбедувањето по што се обидел да побегне, но полициските службеници го фатиле и бил однесен во полициската станица од општа надлежност- Дебар. вт/мд/

Остани поврзан