• вторник, 26 ноември 2024

Приведено лице од Сарај за издржување на тригодишна затворска казна

Приведено лице од Сарај за издржување на тригодишна затворска казна

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 15:50 часот во село Копаница, општина Сарај го лишиле од слобода Ш.С.(27) од село Копаница.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. дма/

 

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан