• вторник, 03 февруари 2026

Приведено лице од Велешта, во возилото во кое се наоѓал пронајдени дрога, оружје и муниција

Приведено лице од Велешта, во возилото во кое се наоѓал пронајдени дрога, оружје и муниција

Струга, 3 февруари 2026 (МИА) - Струшката полиција лишила од слобода жител на селото Велешта, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според информацијата, вчера во 17 часот и 20 минути на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта. 

- При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети, стои во соопштението на МВР. 

Пронајдените работи, како што е наведено, биле одземени и по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/вј/

Фото МИА архива

Остани поврзан