Приведен крадец во Куманово
- Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Кума
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:00 часот го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово. Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/аа/