• петок, 22 ноември 2024

Приведени три лица, теретана во Скопје работела и покрај забраната

Приведени три лица, теретана во Скопје работела и покрај забраната
Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги лишија од слобода И.И., М.Н. и И.А.(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. Емил Зола во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти. Од МВР вечерва информриаа дека објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и протов нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по чл. 206 од КЗ на РСМ. цр/скс/

Остани поврзан